За време на презентација на нови телефони во Кина, Xiaomi претстави нова линија на ефтини смартфони, модел CC. Нејзини први претставници беа моделите CC9, CC9e и CC9 Meitu. Уредите се фокусираат првенствено на младите, а главниот акцент е ставен на напредните можности за фотографирање.

Основниот модел, Xiaomi CC9, изгледа слично како и предводникот на Xiaomi, Mi9. Предниот дел е ист со 6.4-инчен AMOLED екран со вграден скенер за отпечатоци, а на задната страна има стаклен панел и тројна камера во аголот. Невообичаена карактеристика е логото на Xiaomi со LED позадинско осветлување, кое може да ја смени бојата.