133-то издание на Wimbledon ни го даде епското финале во машка конкуренција помеѓу првиот и вториот носител Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер. За титулата во машка конкуренција беа потребни 5 сетови и 4 часови и 57 минути игра. Мечот заврши со резултат 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12, односно сетовите кои ги освои Ѓоковиќ беа завршени со тај-брејкови. Иако Федерер статистички беше подобар во скоро сите категории, останува непишаното правило дека треба да се освојат најважните поени во мечот. Ѓоковиќ беше подобар само во категоријата на неизнудени грешки (52 наспрема 61), како и во конечниот резултат, а следствено на тоа и во освоениот трофеј. Ова е 5-от трофеј за Ѓоковиќ на Wimbledon со што се изедначува со легендарниот Бјорн Борг.

Новак Ѓоковиќ

Наспроти машкото финале, тоа во женска конкуренција беше целосна спротивност во кои романската тенисерка Симона Халеп ја победи американката Серена Вилијамс со резултат 6:2 и 6:2. Халеп играше 9 часови и 29 минути на годинашниот турнир, наспрема 18 часови и 1 минута кои Ѓоковиќ ги помина за трофејот во машка конкуренција. Халеп и Ѓоковиќ ќе добијат иста сума како награда за освоениот трофеј, односно по 2.350.000 фунти (околу 2.623.000 евра).

Simona Halep

Во конкуренција на машки двојки, титулата ја освоија Кабал и Фара од Колумбија, а ќе добијат награда од 540.000 фунти (270.000 фунти по тенисер). Во женски двојки, победнички се Hsie од Тајван и Стрицова од Чешка. И тие ќе добијат секоја по 270.000 фунти. Победници во конкуренција на мешани двојки се Додиг од Хрватска и Чан од Тајпеј. Тие ќе добијат доста поскромна парична награда од другите конкуренции на парови, т.е. само 116.000 фунти (58.000 по тенисер/тенисерка).

Robert Farah и Juan Sebastian Cabal

Barbora Strycova и Su-Wei Hsieh

Latisha Chan и Ivan Dodig