Најзначајниот тениски турнир останува без една од традициите. 135-годишната традиција да судиите на турнирот ги објавуваат имињата на тенисерките со префикс „госпоѓица“ или „госпоѓа“ престанува да постои. Куртоазното обраќање кон припадничките на женскиот пол „падна жртва“ на т.н. „модерни времиња“.

Портпаролката на Wimbledon, Alexandra Willis изјави: „Мора да бидеме во тек со времето.“, а наспрема неа бранителот на титулата во машка конкуренција Новак Ѓоковиќ изјави: „Мислам дека таа традиција беше уникатна и посебна. Изненаден сум што го направија ова.“

Оваа одлука на челниците на тенискиот турнир беше актуелен и во британските медиуми. Во продолжение видете го ставот на Piers Morgan во емисијата “Good morning Britain” на телевизиската станица ITV.