Во 1995-та година како еден од неочекуваните филмски хитови беше филмот Bad Boys во кој главните улоги ги толкуваа Will Smith, Martin Lawerence и Tea Leoni, а режијата беше на Michael Bay. Филмот имаше буџет од скромни 19 милиони долари, а заработи околу 141 милиони долари. Smith И Lawrence ги толкуваа улогите на Mike Lowrey и Marcus Burnett, детективи од Мајами. Во 2003-та година се појави продолжението, насловено Bad Boys II, а се појавија и Smith и Lawrence, повторно под режисерската палка на Michael Bay. Продолжението беше финансиски поуспешно со заработени 273 милиони, но и буџетот беше многу зголемен и изнесуваше дури 130 милиони долари.

Martin Lawrence и Will Smith

Bad Boys for Life е името на новото продолжение на овој серијал. Will Smith веќе прифатил да ја игра една од главните улоги, а Martin Lawrence сеуште е во преговори за ангажман во неговата улога. Сценариото е веќе во изработка, а се очекува снимањето да започне во почетокот на следната година. Премиерата се очекува да биде во јануари 2020-та година. Michael Bay не се враќа во режисерското столче, туку таа улога ќе ја превземат Adil El Arbi и Bilall Fallah, познати по режирањето на епизоди од серијата Snowfall која се емитува на FX.