Ако се прашувате што следува по неверојатниот успех на Bohemian Rhapsody, одговорот е веројатно филм за уште една огромна музичка ѕвезда – Prince. Студиото Universal веќе почна подготовки за снимање на филм инспириран од хитовит ена легендарниот музичар.

И овој пат секако ќе стане збор за мјузикл, кој нема да биде биографски, туку ќе се обиде да ја прикаже оригинална приказна од хитовите на Prince. Веројатно сценариото во многу нешта ќе наликува и на мега-хитот „Mamma Mia“.

Prince има продадено повеќе од 100 милиони плочи, станувајќи еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња. За време на неговата неверојатна кариера, освои 8 Греми награди, 6 американски музички награди, Оскар и Златен глобус за “Purple Rain”, а исто така има свое место и во Салата на славните рок музичари.