Најновото продолжение на серијалот Toy Story заработи 118 милиони долари на кино благајните во САД во изминатиот викенд. Сумата од 118 милиони долари е доста помала од 140 милиони за кои се претпоставуваше дека ќе ги заработи. Сепак резултатите и не се така црни кога ќе се земе во предвид дека ова е најдобар прв викенд за серијалот, наспрема 110-те милиони кои ги заработи Toy Story 3 во 2010-та година. Ова е и 4-ти најголем прв викенд за анимиран филм, што не е мало постигнување. Освен добрата заработка, посетителите даваат и одлична оцена за филмот. Надвор од САД филмот заработи дополнителни 120 милиони долари, а филмот допрва ќе ја има премиерата во Франција, Италија, Јапонија и Германија.

Хоророт Child’s Play заработи 14 милиони долари, а има буџет од само 10 милиони долари. Филмот се најде на второто место на листата. На третото место остана Aladdin кој заработи 12.2 милиони долари во изминатиот викенд. Филмот во САД досега заработи скоро 288 милиони долари, а заедно со 522 милиони надвор од САД, целосната заработка е веќе 810 милиони долари.

Остатокот од Топ 10 го сочинуваат Men in Black International, The Secret Life of Pets 2, Rocketman, John Wick: Chapter 3 – Parabellum, Godzilla: King of the Monsters, Dark Phoenix и Shaft. За следниот викенд ги очекуваме Annabelle Comes Home, како и Yesterday на режисерот Danny Boyle.