Филмското студио Warner Bros. го објави датумот на издавање за филмот „Tom and Jerry“ кој ќе биде нова анимирана верзија работена врз приказната од популарните цртани филмови. Според информациите презентирани вчера, гледачите ќе можат да го погледнат филмот за популарните мачка и глувче на 16 април 2021 година.

Режијата на филмот му е доверена на Tim Story, човекот кој го работеше и филмот „Fantastic Four“.  Серијата кратки цртани филмови „Tom and Jerry“  ја создадоа аниматорите William Hanna и Joseph Barbera во раните 40-ти години на минатиот век. Таа уживаше голема популарност не само кај децата.

До крајот на 50-тите, карикатурите беа произведени под марката MGM и беа прикажувани и во американските кина пред филмските сесии.

Пред 4 месеци ве информиравме дека освен Том и Џери, на филмското платно планирано е да се вратат и ликовите од Скуби До.