Деновиве се појавија мноштво тизери и трејлери за нови тв-серии кои не очекуваат оваа есен. Една од сериите кои ни побуди интерес, само поради фактот дека наликува на некои кои досега веќе сме ги гледале, е новата мини-серија на Netflix, насловена како „The I-Land“.

Во најмала рака, трејлерот за серијата „The I-Land“ која треба премиерно да се појави за помалку од 2 недели, наликува на нешто што досега сме го гледале, како на пример „Lost“. Сепак, квалитетот на приказната остѕанува дискутабилен (барем според првите кадри во трејлерот).

Приказната се врти околу 10 луѓе кои се будат со амнезија на опасен остров од кој мораат да побегнат. остатокот веројатно ќе го дознаеме со стартот на серијата, каде во главните улоги се појавуваат Kate Bosworth, Natalie Martinez, Alex Pettyfer, Kyle Schmid и Gilles Geary. Автор на серијата е Neil LaBute, кој работеше на SF-серијата „Van Helsing“.