Филмот “The Favourite” ги предводи годинешните номинациите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA) за наградите кои ќе бидат доделени следниот месец. Со 12 номинации, “The Favourite” е убедливо најголемиот фаворит во повеќе категории.

Комедијата за британската кралица од 18-тиот век ќе се натпреварува за најдобар филм, најдобра британска филмска сцена, оригинално сценарио – и во категоријата најдобар режисер со Yorgos Lanthimos.

Olivia Colman, Rachel Weisz и Emma Stone се номинирани во повеќе категории, меѓу кои и за едитирање, кинематографија, шминка и коса, продукциски дизајн и костимографија.

Седум номинации доби “Bohemian Rhapsody”, а исто толку имаат “First Man”, “Roma” и “A Star Is Born”. Политичката комедија “Vice” доби шест номинации.

BAFTA наградите ќе бидат доделени на 10 февруари на свеченост во Лондон.