Тесла и официјално го претстави електричниот автомобил Model Y. Автомобилот доби платформа од моделот 3 и е “помлад брат” на поскапиот и побрз модел X.

Компанијата го позиционира моделот Y како SUV (Sport Utility Vehicle), но тој е всушност голем кросовер, со простор во кој комотно можат да се сместат до седум луѓе. Исто така постојат и две прегради за багаж: една под хаубата, втората на вообичаеното место.

Најприфатливата модификација ќе чини 39.000 долари, а со Model Y ќе може да патува 370 км со едно полнење. Забрзувањето до 100 km/h ќе трае 5,9 секунди. Моделот излегува на пазарот во пролетта 2021 година.

Исто така, Tesla ќе престави и верзија на Long Range со опсег од 480 км, Dual Moto AWD со погон на сите четири тркала и модификација на изведбата со забрзување до 100 km/h за 3,5 секунди.