Американската пејачка Taylor Swift го отвори шоуто на доделувањето на американските музички награди кое се одржа во вторникот. Swift собра и 4 награди, вклучувајќи ја наградата за Артист на годината, а со тоа стана и најнаградувана пејачка на оваа манифестација.

Taylor Swift

Таа сега има дури 23 статуетки од American Music Awards, а претходниот рекорд го држеше Whitney Houston. Четири награди доби и Camila Cabello која моментално е на турнеа заедно со токму Taylor Swift.

Camila Cabello

Шоуто заврши со дел посветен на музичката легенда Aretha Franklin која беше чест гостин на овие награди. Во продолжение е листата на победници.

Артист на годината – Taylor Swift
Нов артист – Camila Cabello
Соработка на годината – Camila Cabello и Young Thug – “Havana”
Турнеа на годината – Taylor Swift: Reputation World Tour
Видео на годината – Camila Cabello и Young Thug – “Havana”
Најпознати музичари на социјалните мрежи – BTS

Post Malone
Омилен машки музичар (поп/рок) – Post Malone
Омилена женска музичарка (поп/рок) – Taylor Swift
Омилени дуо или група (поп/рок) – Migos
Омилен албум (поп/рок) – Taylor Swift – “Reputation”
Омилена песна (поп/рок) – Camila Cabello и Young Thug – “Havana”
Омилен машки музичар (кантри) – Kane Brown
Омилена женска музичарка (кантри) – Carrie Underwood
Омилени дуо или група (кантри) – Florida Georgia Line
Омилен албум (кантри) – Kane Brown – “Kane Brown”
Омилена пенса (кантри) – Kane Brown – “Heaven”

Cardi B
Омилен музичар (рап/хип-хоп) – Cardi B
Омилен албум (рап/хип-хоп) – Post Malone – “Beerbongs & Bentleys”
Омилена песна (рап/хип-хоп) – Cardi B – “Bodak Yellow (Money Moves)”
Омилен машки музичар (соул/р’н’б) – Khalid
Омилена женска музичарка (соул/р’н’б) – Rihanna
Омилен албум (соул/р’н’б) – XXXTentacion – “17”
Омилена песна (соул/р’н’б) – Bruno Mars & Cardi B – “Finesse”
Омилен музичар (алтернативен рок) – Panic! At The Disco

Shawn Mendes
Омилен музичар (модерна музика за возрасни) – Shawn Mendes
Омилен музичар (латино) – Daddy Yankee
Омилен музичар (модерна инспиративна музика) – Lauren Daigle
Омилен музичар (денс) – Marshmello
Омилена музика од филм – Black Panther – “The Album”

Извор: BBC