Spider-Man: Far from home и Toy story 4 кои беа на првите две места минатиот викенд, повторно ги држат истите позиции на кино благајните во САД. Spider-Man: Far from home заработи нови 45.3 милиони долари па досегашната вкупна заработка изнесува околу 847 милиони долари. Toy story 4 заработи околу 20.6 милиони долари во САД, а вкупната заработка изнесува 771 милион долари.

На третото и четвртото место се најдоа два нови филмови, хоророт Crawl со заработени 12 милиони, како и комедијата Stuber со заработени 8 милиони. Остатокот од топ 10 го сочинуваат Yesterday, Aladdin (2019), Annabelle comes home, Midsommar, The secret life of pets 2 и Men in black International.

Следниот викенд дефинитивно ќе му припадне на The Lion King кој ќе ја има премиерата во САД во петок, а кај нас можете да го погледнете од четврток. Филмот веќе започна да се прикажува во кинеските кино сали каде заработи околу 54.7 милиони долари во првиот викенд.