Пред две седмици ве информиравме за турнеата на Spice Girls која треба да се одржи следната година, но сега се објавени и датумите. Иако претходно беа најавени 12 концерти, во официјалното соопштение стојат само 6 датуми. Melanie Brown, Geri Horner (Halliwell), Emma Bunton и Melanie Chisholm ќе настапат во 6 британски градови, а ќе им се придружи и Jess Glynne, пред почетоците на нивните концерти. Како што и претходно беше објавувано, а и главната пречка што досега беше тешко да се организира ваков проект, Victoria Beckham нема да учествува во турнеата.

Манчестер ќе биде првиот град домаќин на Spice Girls на оваа турнеа. Концертот е планиран за 1-ви јуни 2019-та na Etihad Stadium. Потоа следуваат Coventry Ricoh Stadium (3-ти јуни), Sunderland Stadium of Light (6-ти јуни), Edinburgh BT Murreyfield Stadium (8-ми јуни), Bristol Ashton Gate Stadium (10-ти јуни) и London Wembley Stadium (15-ти јуни). Продажбата на билетите започнува на 10-ти ноември 2018.