Master Series Z9G 8K LCD е името на телевизорот кој Sony го претстави во Лос Анџелес на CES (Consumer Electronics Show). Резолуција од 8K е премногу голема за да биде потрошена на мал екран па Sony нуди две варијанти на овој телевизор, односно 85 и 98-инчна варијанта. Според информациите на Sony, телевизорите содржат обновени верзии на Picture Processor X1 Ultimate и X-Reality PRO за подобра репродукција на содржина од 8K.

Sony Master Series Z9G 8K LCD

Телевизорите содржат и Netflix Calibrated Mode и IMAX Enchanced со цел да се добие подобра слика на овие сервиси. Моделот содржи четири вградени звучници, по два на горната и долната страна од екранот. Од паметните содржини, вградени се Android TV со Google Assistant, компатибилност со Google Home уредите како и Amazon Echo smart звучниците. Се очекува наскоро Sony да ги објави цените за овие одлични телевизори.