Компанијата Sony ги објави финансиските резултати за третата четвртина од 2018-та година, а тие и не се поволни. Одделот за паметни телефони (Sony Mobile Communications) има помала заработка за околу 479 милиони долари во однос на истиот период за изминатата година. Според извештајот, телефоните на Sony се помалку се продаваат во Европа, Латинска Америка и на Средниот исток. Лошите вести за Sony не завршуваат со овој извештај.

Sony Xperia XZ3

Се очекува уште полош извештај после завршувањето на годината, па компанијата ги ревидираше очекувањата за продажбата за околу 883 милиони долари во надолна линија. Слабата продажба и во сопствената држава (Јапонија), како и лошиот сооднос помеѓу јенот и доларот, ќе допринесе за посериозен импакт во негативна насока. За разлика од одделот за мобилни телефони, компанијата во целина забележува добри резултати, посебно кај PlayStation и Sony Pictures.