Филмот On the Rocks треба да биде првиот филм на стриминг платформата на Apple, а режисер ќе биде Sofia Coppola. Во главните улоги ќе се појават Rashida Jones и Bill Murray. Jones ќе игра млада мајка која ќе се обиде повторно да се поврзи со нејзиниот татко кој води плејбој живот. On the Rocks е продуциран од Apple и A24, филмска компанија која стои позади филмови како Moonlight и Hereditary.

Bill Murray и Rashida Jones

Засега нема датум кога ќе започне стриминг сервисот на Apple а со тоа и премиерата на овој филм. Apple ќе вложи околу една милијарда долари за нова содржина на нејзината стриминг платформа. Apple соработува и со Jennifer Aniston, Steven Spielberg и Reese Witherspoon на разни ТВ проекти.