Првото појавување на Shrek се случи во 2001-ва година кога гласовите за анимираниот филм ги позајмија Mike Myers, Cameron Diaz и Eddie Murphy. Филмот доживеа одличен успех со заработени околу 484 милиони долари (околу 692 милиони долари во корегирана вредност заради инфлација). Во 2004-та година се појави и продолжението, кое донесе и поголема заработка односно околу 920 милиони долари (1.22 милијадри долари). Во 2007-ма и 2010-та година се појавија третиот и четвртиот дел, кои иако донесоа солидна заработка, не останаа запаметени од публиката.

Eddie Murphy, Cameron Diaz и Mike Myers

 

Во 2011-та година се појави и анимираниот филм Puss in Boots како дополнување на Shrek серијалот. Во овој анимиран филм, вокално учествуваа Antonio Banderas, Salma Hayek, Zach Galifianakis и Billy Bob Thornton.

Puss in boots

Според магазинот Variety, во подготовка е продолжување и на Shrek франшизата и na Puss in Boots филмот. Продуцент на филмовите ќе биде Chris Meledandri кој е сопственик на студиото Illumination и продуцент на филмовите од Despicable Me франшизата. Според продуцентот новите филмови нема да бидат стриктно продолжение на претходните, а ниту ќе бидат целосно нов почеток. Во однос на актерите кои ќе ги употребат своите гласови, се очекува дека ќе се приклучи екипата од оригиналните филмови, иако засега нема официјален податок. Филмовите се во фаза на подготовка, снимањата и анимирањето не е започнато, па официјално нема ниту година на објавување на филмовите.