Во борбата на двата нови филмови, посупешен беше The Secret Life of Pets 2 кој заработи околу 47.1 милиони долари во изминатиот викенд. На второто место се најде новиот филм од X-Men франшизата – Dark Phoenix. Тој заработи околу 33 милиони долари. Сепак, овие бројки и не се многу добри кога ќе се земе фактот што The Secret Life of Pets 2 ја нема ниту половина од заработката во првиот викенд на првиот дел. Слично нешто важи и за Dark Phoenix кој го има најслабиот прв викенд од цела франшиза.

Надвор од САД Pets 2 има заработка од околу 49 милиони, па досегашната заработка е околу 97 милиони долари. Dark Phoenix надвор од САД има заработено 107 милиони па досегашната заработка е околу 140 милиони долари.

На третото место се најде новото издание на Aladdin, а потоа следуваат Godzilla: King of the Monsters, Rocketman, Ma, John Wick: Chapter 3 – Parabellum, Avengers: Endgame, Pokemon Detective Pikachu и Booksmart.

За следниот викенд ги очекуваме Men in Black International како и новото издание на Shaft.