Непрофитната организација Consumer Reports објавија листа на најдобрите смарфони денеска, на која лидерското место го има Samsung Galaxѕ S10+. Рангирањето е направено врз основа на спроведени тестови во лабораториите на Consumer Reports кои анализираа неколку сегменти.

Samsung Galaxy S10 +

За време на тестирањата Galaxy S10 + покажал најдобар резултат од сите паметни телефони според издржливоста на батеријата. Овој уред работел непрекинато 39,5 часа, што е за 8 часа повеќе во споредба со Galaxy Note 9, Galaxy S10 и Galaxy S10e иако има помала батерија. За да се процени животниот век на батеријата, Consumer Reports користеле роботски прст програмиран да извршува голем број задачи и симулира секојдневна употреба на просечен сопственик на паметен телефон.

Галакси S10e

Consumer Reports, исто така, ја провериле и издржливоста на уредот при падови ставајќи го во специјална ротирачка метална камера, каде што паѓа 100 пати. Често, дури и премиум моделите се распаѓаат за време на овој тест, но Galaxy S10 + го поминал без никаква штета. Сличен резултат имал и основиот модел Galaxy S10.

Во однос на камерите, експертите од Consumer Reports ги пофалија главните модули, особено со широкоаголен објектив, но не беа воодушевени од двојната предна камера.