Минатата седмица беше борба на искусните музичари за најпродаван албум во Велика Британија. Првиот албум на Rod Stewart кој се нашол на британската топ листа е Gasoline Alley во 1970-та година, а првиот албум на Cher кој се појавил на оваа листа е All I Really Want to Do и тоа во уште подалечната 1965-та година.

Се чини дека Stewart не беше голем џентлмен, па го грабна првото место на албумската листа со новиот албум Blood Red Roses. Новиот албум на Cher го носи името Dancing Queen и содржи 10 преработки од легендардната шведска група ABBA. На третото место се најде албумот од филмот The Greatest Showman кој веќе 11-ти месец се наоѓа на листата. Од врвот на 4-то место падна Kamikaze, новиот албум на Eminem, а на 5-то место е Tha Carter V на Lil Wayne.

На врвот на листата на синглови остануваат Calvin Harris и Sam Smith со Promises, но 6-то место за Rita Ora со песната Let You Love Me е значајно затоа што е е поставен нов рекорд. Песната е нејзин 13-ти топ 10 сингл на британската топ листа, а тоа е најголем број на песни во топ 10 за една британска пејачка. Досегашниот рекорд постоеше 30 години, а го држеа имиња како Shirley Bassey и Petula Clark.