Популарната криминалистичка серија Ray Donovan е обновена и за седма сезона на каналот Showtime.

Снимањето на новата сезона треба да започне на пролет во Њујорк. Финалето, пак, на актуелната шеста сезона треба да се случи на 13 јануари. Серијата минатата година ја смени локацијата од Лос Анџелес до Њујорк, но и покрај најавениот пад на гледаноста, сепак се задржа во редот на најпопуларните на Showtime.

Со оглед на тоа што сите 6 досегашни сезони имаа по 12 епизоди, најверојатно и седмата (која според најавите може да биде и последна) треба да има исто толку епизоди.