За само 5 денови од прикажување во САД Ralph Breaks the Internet заработил 84 милиони долари, од кои 55 милиони се собрани за време на викендот. На второто место се најде Creed II со заработени 55.8 милиони долари, односно 35 милиони за време на викендот. Во главните улоги на Creed II се Michael B. Jordan, Tessa Thompson, Sylvester Stallone и Dolph Lundgren. На третото место се најде The Grinch со заработени 30 милиони долари. Остатокот во првите 10 ги сочинуваат Fantastic Beasts 2, Bohemian Rhapsody, Instant Family, Robin Hood, Widows, Green Book и A Star is Born.

Овој викенд, наречен Thanksgiving викенд, составен од 3 денови е најдобриот викенд за Денот на благодарноста во историјата со заработени 206 милиони долари за првите 12 филмови. Ralph Brakes the Internet има заработено 41 милиони долари надвор од САД и вкупна интернационална заработка од 125 милиони долари. The Grinch има вкупна интернационална заработка од 215 милиони долари, а Fantastic Beasts 2 – 439 милиони долари. Моментално актуелните филмови поврзани со музика – Bohemian Rhapsody и A Star is Born имаат заработено вкупно 472 милиони и 353 милиони долари.

Кино салите во САД во 2018-та година досега имаат заработено околу 10.68 милијарди долари и е за 11% подобро од лани, односно 6% подобро од 2016-та година која имаше рекордна заработувачка.