Американскиот национален весник „New York Times“ ќе престане да објавува политички карикатури и сатири на своите страници, откако не стивнуваат реакциите по објавувањето на карикатурата на Антонио Антунес Мореира која беше протолкувана како антисемитска.

Во април минатата година, еден цртеж предизвика лавина реакции на читателите на весникот, откако претседателот Доналд Трамп беше преставен како слеп, кој го води куче со ликот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

И покрај извинувањето, контроверзата не стивна. Неколку дена подоцна, директор на публикацијата, A.G. Sulzberger, одлучи да започне дисциплинска постапка против менаџерот на издавачката кој ја избра карикатурата.