Ако мислевте дека „Resident Evil: The Final Chapter“ од 2016 ќе биде последното нешто што ќе го гледаме од оваа филмска франшиза, се лажете. „Resident Evil“ сега се подготвува за враќање, но на малите екрани во вид на тв-серија.

Netflix одлучиле да започнат со работа на серијата поттикната од филмската франшиза во партнерство со германската компанија Constantin Film, која ги поседува правата за добро познатата видео игра и е творец на сите шест филма од серијалот.

Сè е во сосема рана фаза и во моментов се бара сценарист кој ќе ја развие приказната. Франшизата чиј прв филм излезе во 2002 година, заработи над 1,2 милијарди долари со шесте филма досега. Исто така стана најголема филмска серија базирана на видео игра.