Стриминг сервисот Netflix најави снимање на серија под наслов The Queen’s Gambit, која ќе биде лимитирана на 6 епизоди и работена според истоимениот роман на Walter Tevis.

Зад серијата ќе застане двапати номинираниот за Оскар, Scott Frank, а во главната улога ќе се појави Anya Taylor-Joy. Frank ќе го работи сценариото  и ќе се појави во улога на режисер заедно со Allan Scott. Приказната се однесува на времето на Студената војна и го опишува животот на сираче кое е вистинско шаховско чудо.

Во улогата на сирачето Beth Harmon ќе се појави Taylor-Joy. Серијата ќе го прати животот на Beth од нејзината 8. до 22. годишна возраст. Засега нема информации кога може да се очекува премиерата на серијата.