Иако јавно се извинија уште во јануари, првирте луѓе на Netflix мораа да ги отстранат снимките од вистинската железничка несреќа кои беа вметнати во филмот „Bird Box“. Станува збор за неколку кадри искористени од реалната желеничка несреќа во Lac-Mégantic во Quebec, која се случи во 2013 година.

Netflix најавија дека нема да менуваат ништо, но очигледно сега го променија мислењето. Портпаролот на компанијата, за BBC изјави дека режисерите и продуцентот, сепак, решиле да ги отстранат кадрите од филмот. Жалиме за каква било болка предизвикана кон заедницата на Lac-Mégantic”, се вели во е-маил пораката која ја испрати Netflix до медиумите.

View image on TwitterСтриминг гигантот и луѓето кои го создадоа „Bird Box“ беа критикувани за користење видео од вистинскиот живот кој во филмот беше прикажан како нуклеарен напад, а всушност е реална железничка катастрофа. Трагедијата на железницата се случи кога товарниот воз што превезуваше сурова нафта излета од шините и предизвика експлозија. Четириесет и седум лица загинаа во инцидентот, а многу домови и згради беа уништени.