Пушењето е во пораст – барем тоа на телевизија! Според извештаите објавени деновиве, пушењето на екраните забележа драстично зголемување меѓу 2018 и 2019 година. 

Број еден престапник во овој поглед е Netflix и неговите тв-производи. Стриминг гигантот прикажал огромен број на случаи на пушење во нивните серии досега во 2019 година (866), во споредба со претходната година (299).

Иницијативата проценува дека околу 28 милиони млади луѓе ја гледале оваа содржинаВо некои случаи, како со серијата Stranger Things, пушењето е прикажано како автентично за временскиот период до 90-тите, кога беше дозволено на повеќе јавни места, вклучувајќи ги и авионите.

Бидејќи онлајн стриминг стана главен извор на многу гледачи на филмови и тв-серии, Netflix и другите платформи имаат поинаква одговорност за производство на оригинална содржина. Портпаролот на Netflix даде изјава за случајот истакнувајќи:

„Netflix силно го поддржува уметничкото изразување. Исто така, признаваме дека пушењето е штетно и кога е позитивно прикажано на екранот може негативно да влијае врз младите луѓе.“