Првото видео од вселената, реализирано во 8K формат, официјално беше објавено викендов од страна на Американската вселенска агенција NASA и Европската вселенска агенција (ESA). Видеото е направено на Меѓународната вселенска станица ( ISS).

Уникатното видео го покажува животот на космонаутите на ISS,  а дава и некои интересни погледи кон Земјата од вселенска дистанца. Видеото беше направено на самата станицата користејќи камера Helium 8K на компанијата RED.

Друго прашање е тоа што само ограничен број луѓе можат да уживаат во 8K видео, бидејќи таквите екрани се уште се ретки.