Американската поп ѕвезда Miley Cyrus објави дека стапила во брак со својот долгогодишен партнер, австралискиот актер Liam Hemsworth. Таа на социјалните медиуми објави фотографии од церемонијата која се одржала во неделата. Miley и Liam се запознале пред скоро една декада на сетот на филмот The Last Song кој ги играа главните улоги.

Miley Cyrus и Liam Hemsworth

Минатиот месец двојката го загуби својот дом во пожарите што ја зафатија Калифорнија. Церемонијата се одржала на друг имот на пејачката во градот Franklin во сојузната држава Tennessee. Miley и Liam во 2012-та година објавија дека се венчале, но следната година ја прекинале врската. Во 2015-та година се видени заедно, а подоцна објавиле дека повторно се во врска и се верени.

Miley Cyrus и Liam Hemsworth

Leticia Jean Cyrus, Miley Cyrus и Billy Ray Cyrus