Со заработени околу 17.5 милиони долари, филмот Midway се најде на врвот на кино благајните во САД за претходниот викенд. Воениот филм кој го режираше Roland Emmerich, а во кој учествуваат Ed Skrein, Patrick Wilson, Luke Evans, Aaron Eckhart, Dennis Quaid, Woody Harrelson, дејството се одвива во 1942-та година, околу 6 месеци после нападот на Перл Харбор. Филмот има буџет од околу 100 милиони долари. Според податоците за гледачите на филмот, 60% биле машка популација, а 87% од посетителите биле постари од 25 години.

14.1 милиони долари е заработката на филмот Doctor Sleep, базиран на истоимениот роман на Stephen King од 2013 година, кој е продолжение на романот The Shining од 1977-ма година, по кој беше снимен и филмот The Shining со Jack Nicholson. Doctor Sleep е режиран од Mike Flanagan а во главната улога се појавува Ewan McGregor. Од филмот се очекуваше да заработи околу 25 милиони долари во текот на викендот.

На третото место се најде Playing with Fire со заработени 12.8 милиони долари, а на четвртото место Last Christmas со 11.6 милиони долари. Првите четири позиции се за филмови кои се нови филмови за таа седмица. На 5-то место се најде Terminator: Dark Fate.

Во следниот викенд ги очекуваме Ford vs Ferrari (Christian Bale и Matt Damon), новото издание на Charlie’s Angels (Kristen Stewart) и The Good Liar (Helen Mirren и Ian McKellen).