Документарниот филм „Leaving Neverland“ на HBO го исфрли во центарот на вниманието скадалот со наводната сексуална злоупотреба на деца од страна на сега веќе починатиот „Крал на попот“, Michael Jackson. Неколку радио станици во САД веќе ја тргнаа музиката на Michael Jackson од своите плеј-листи, а во послендиве два дена такви забрани донесоа и бројни станици од Нов Зеланд и Канада.

„Мајкл Џексон моментално не е на ниту една плеј-листа на радио станиците на MediaWorks”, изјави Leon Wratt, директор на компанијата за радио.

„Ова е одраз на нашата публика и нивните преференции, нашата работа е да ги осигураме нашите радио станици да пуштаат музика што луѓето сакаат да ја слушнат”.

„Leaving Neverland“ се фокусира на обвинувањата на кореографите Wade Robson и James Safechuck, кои ја обвинуваат поп-легендата дека сексуално ги злоупотребуваат кога биле деца.

Wade Robson и James Safechuck претходно сведочеа за поддршка на Џексон, но очигледно ги променија своите приказни.