Со отворањето на стаклената плоча за набљудување на врвот на облакодерот MahaNakhon, и официјално беше завршена изградбата на втората највисока зграда во Тајланд.

MahaNakhon има 77 ката и со својот специфичен дизајн е препознатлива во Бангкок.

“Идејата за MahaNakhon беше да се земе животот на градот и да се донесе до кулата во драматично, спирално движење”, вели Bjorn Ole Scheeren, човекот зад чиј потпис стои изградбата на објектот.

„Büro Ole Scheeren“ е компанијата која стои зад изградбата на облакодерот висок 314 метри и е само еден метар пониска од рекордерот изграден во 2015 година.

MahaNakhon на врвот има набљудувачка платформа која нуди поглед од 360 степени над Бангкок.

извор: Dezeen.com