Ноќта помеѓу среда и четврток (1-ви и 2-ри мај) ќе се одржи доделувањето на музичките награди на Billboard. Вообичаено во вестите најчесто се наоѓаат номинираните, но во случајов главното внимание го привлекува најавениот настап на Madonna. Уште една вообичаена ситуација е да се зборува за хонорарите на музичарите, но сега се зборува парите кои Madonna ќе ги вложи во сопствениот настап. Станува збор за дури 5 милиони долари, а наводно организаторот нема да плати ни цент од таа сума. За таа сума, настапот се очекува да биде досега нешто невидено, посебно на настап во живо, а се очекува да се употребат холограми како и компјутерска анимација. Настапот треба да трае дури 7 минути.

Водителка на церемонијата ќе биде пејачката Kelly Clarkson. Mariah Carey ќе биде добитничка на наградата за Икона во музичката индустрија, а освен Madonna и Mariah Carey, најавени се настапите на Taylor Swift, Paula Abdul, BTS со Halsey, Ciara, Kelly Clarkson, Jonas Brothers, Ariana Grande, Khalid, како и Panic! At the Disco.

Madonna ќе настапи и на финалето на Евросонг кој ќе се одржи на 18-ти мај во Тел Авив. Дали настапот од Billboard Music Awards ќе го повтори и на сцената во Израел, останува да почекаме до 18-ти.