Сепак ниту Италија, ниту Израел нема да ја имаат честа Madonna да ги брани нивните бои, а САД не можат да учествуваат на Евровизија. Според информациите од израелскиот магазин Ynet, Madonna би требало да настапи во ревијалниот дел на фестивалот. Засега нема информација за кој датум станува збор, но со оглед на реномето на Madonna, таа веројатно ќе настапи во финалната вечер. Според Ynet, преговорите се во фаза на договарање на хонорарот на пејачката.

Eurovision 2019 Dare to dream

Општината во Тел Авив објави дека ќе изгради посебен простор за 2.000 посетители. Просторот “tent city” ќе функционира во мај и јуни, а ќе биде локација на која ќе се одржуваат разни настани кои се директно и индиректно поврзани со Евровизија. Просторот ќе има делови за рекреација и забава, делови за храна и пијалоци, како и можност за изнајмување на велосипеди со кои ќе може да се разгледува градот.

Евровизија 2019 ќе се одржи на 14-ти, 16-ти и 18-ти мај во Тел Авив.