На синоќешниот музички настан на BBC Teen Awards 2018 кој се одржа во SSE Arena во Вембли, најуспешни беа Little Mix, BTS и Cardi B. Оваа година, која е 9-та по ред за ова шоу, настапи во живо имаа 5 Seconds of Summer, Not3s, Mabel, Little Mix и Jonas Blue заедно со Liam Payne. Победниците ги гласаат слушателите на BBC Radio 1, а оваа година победници по категории се:

– најдобар британски соло артист – Ed Sheeran
– најдобра британска група – Little Mix
– најдобар интернационален соло артист – Shawn Mendes
– најдобра интернационална група – BTS
– најдобар филм – The Greatest Showman
– најдобро ТВ шоу – Love Island
– најдобра видео игра – Fortnite: Battle Royale
– најзабавна јавна личност – Cardi B
– најдобра битанска песна – “Shotgun” – George Ezra
– ѕвезди на социјалните медиуми – BTS
– најдобра млада спортска личност – Kare Adenegan

BTS