Иако пред една година LG го претстави прототипот на телевизор на превиткување, сепак на годинешниот CES (Consumer Electronics Show) кој се одржува во Лас Вегас, претставениот уред е во продукциска верзија, односно подготвен за масовно производство. Станува збор за прекрасен тенок екран со дијагонала од 65 инчи (165cm), нормално со 4K резолуција.

LG rollable TV

Засега LG не објавува цена на овој телевизор, но јасно е дека ќе треба да се плати огромна сума, но сепак станува збор за производ од иднината. Телевизорот има нов A9 Generation 2 процесор кој овозможува вештачка интелигенција и за видеото и за аудиото. Телевизорот е поставен на посебно лежиште кое освен што е кутија кога телевизорот е склопен, претставува и sound-bar, односно локација каде се поставени звучниците. Телевизорот ги има вградено и Alexa и Google Assistant, како и сопствениот ThinQ A.I.

LG rollable TV

LG rollable TV