Иако LEGO Movie 2: The Second Part се најде на врвот на кино-благајните во САД, тоа беше направено со заработка далеку под очекуваната. Филмот заработил 34.4 милиони долари, но тоа е дури 20 милиони помалку од очекуваното. Сумата од 34.4 милиони е двојно помала од заработката на првиот LEGO Movie кој својата премиера ја имаше пред 5 години. Новиот филм е дел од LEGO серијалот во кој се наоѓаат филмовите: The LEGO Movie, The LEGO Ninjago Movie, The LEGO Batman Movie и The LEGO Movie 2: The Second Part.

На второто место се најде уште еден нов филм What Men Want во кој настапуваат Tarji P. Henson и Tracy Morgan, а режијата е на Adam Shankman. Филмот заработи 19 милиони долари. И на третото место се најде уште еден новитет. Тоа е Cold Pursuit во кој настапуваат Liam Neeson, Emmy Rossum и Laura Dern. Заработката за првиот викенд е 10.8 милиони долари.

Филмовите The Upside и Glass се најдоа на 4-то и 5-то место со заработени 7.2 односно 6.4 милиони долари. Останатите филмови во првите 10 се The Prodigy, Green Book, Aquaman, Spider-Man: Into the Spider-Verse и Miss Bala. Новите филмови кои ги очекуваме во топ листата за следниот викенд се Happy Death Day 2U и Isn’t It Romantic кои премиерата ќе ја имаат на 13-ти февруари.