LEGO коцките веќе не се само за деца. Во соработка со популарната IndieGoGo платформа, познатиот бренд за играчки го најави својот нов производ LEGO® FORMA, кој ќе ги забавува и возрасните.

Иако родителите најверојатно се запознаени одблизу со конструкциите на брендот, со новиот комплет, LEGO сака да ги охрабри возрасните да ја користат играта како средство против депресија.

Новата LEGO® FORMA е повеќе “креативен проект”, кој содржи 294 лего коцки од кои се конструираат популарните риби Koi.

И двете компании се надеваат дека производот ќе направи постарите да го намалат времето кое го трошат на своите електронски уреди, нагласувајќи ја нивната креативна страна со забавен предизвик.

Моделот е доволно мал за да биде и убав додаток на секој дом.