Една од најдобрите тенисерки во историјата, белгијката Kim Clijsters објави дека активно тренира за да се врати на тениските терени во следната сезона. Clijster досега има освоено 41 титули на WTA турнирите, вклучувајќи 4 Гренд Слем турнири и 3 титули на WTA Finals. Првиот професионален меч го имаше во 1997-мата под капата на International Tennis Federation, додека на 15 години учествуваше на турнирот во Антверпен во 1999-та година, кој е под капата на WTA. Нејзиниот последен професионален меч беше одигран во 2012-та на US Open. Таа ќе биде една од ретките активни тенисерки кои се мајки, а Clijster ги има ќерката Jada и синовите Jack и Black.