На вчерашниот маратон одржан во еден од најголемите градови во светото Њујорк, победници се Кенијката Mary Keitany и Lelisa Desisa од Етиопија.

Mary Keitany

Победничкото време на Keitany беше 2 часа 22 минути и 48 секунди, што претставува втор резултат на патеката во Њујорк. На второто место беше Vivian Cheruiyot од Кенија со резултат 2:26:02, а на трето место беше Shalane Flanagan од САД со резултат 2:26:22.

Победникот во машка конкуренција Leisa Desisa од Етиопија постигна резултат од 2:05:59, а веднаш зад него беше Shura Kitata од Етиопија со заостанување од само 2 секунди. На третото место се најде Geoffrey Kamworor од Кенија со резултат од 2:06:26.

Финалниот дел од трката во машка категорија во дивизија на инвалидски возила беше неизвесен до целта, а победник е Daniel Romanchuk од САД со време 1:36:21, второпласиран беше Marcel Hug од Швајцарија со една секунда заостанување, а на третото место беше Davir Weir од Велика Британија со две секунди заостанување. Во истата дивизија во женска конкуренција, победничка е Manuela Schar од Швајцарија, на второто место беше Tatyana McFadden од САД, a третопласирана Lihong Zou од Кина.

New York marathon

New York marathon