После една седмица пауза, Joker повторно е на врвот на кино благајните во САД. Во текот на викендот, филмот заработил околу 18.9 милиони долари. На второто место е шампионот од претходниот викенд, Maleficent: Mistress of Evil со заработени околу 18.5 милиони долари. За три седмици од почетокот на прикажувањето, Joker има заработено околу 849 милиони долари низ светот.

И за третото место се водеше неизвесна битка помеѓу The Addams Family и Zombieland: Double Tap. Победи необичната фамилија со заработени 11.7 милиони наспрема 11.6 милиони за Zombieland. Во остатокот од топ 10 се Countdown, Black and Blue, Gemini Men, The Lighthouse, The Current War: Director’s Cut и Abominable. За следниот викенд на првото место го очекуваме Terminator: Dark Fate, а добар резултат очекуваме и од Arctic Dogs.