Иако многумина се израдуваа дека по 27 години, конечно е откажано контроверзното тв-шоу наречено „The Jerry Springer Show“, сепак, тоа не значи дека така лесно ќе се откачат од Jerry Springer. Откако неговото шоу оваа година беше откажано, Jerry реши да се врати експресно на малите екрани, но овој пат со „сопствена судница“.

Springer ќе стане судија Jerry, кој ќе сослушува сведоци во најразлични случаи, па на крајот ќе носи пресуди. Интересно е што Springer не случајно ќе ја има улогата на судија во своето ново тв-остварување. Тој има завршено право, па дури и положено испит за адвокатура.

Шоуто ќе се снима пред публика во студио во Конектикат.