Проблемите со снимањето на новото продолжение на James Bond продолжуваат. Според британскиот печат, актерот Daniel Craig  паднал за време на сетот во Јамајка и бил пренесен во болница во САД. Еден член на тимот потврдил дека Craig се лизнал во една бркотница и сериозно го повредил глуждот. Засега не е јасно колку долго ќе трае неговото опоравување, за да може да продолжи снимањето. Дел од сетот закажан за викендов во лондонското студио Painwood Studio е откажан.

Ова не е прва повреда на Craig за време на снимање на продолженијата од филмовите за најпопуларниот таен агент. Тој загуби и два заба за време на снимањето на својата прва акциска сцена во „Casino Royale“, а потоа ги повреди и прстите и скина мускул во рамото за време на снимањето на „Spectre“.