Популарниот херој од големото платно, „Jack Rеacher“, наскоро доаѓа и како тв-серија. За разлика од двете филмски продолженија, главната улога нема да му биде доверена на Том Круз.

Во 2012 година излезе првиот филм „Jack Reacher“ , кој заработи повеќе од 218 милиони долари. Четири години подоцна, се појави и продолжението, но тоа имаше за нијанса помала гледаност. Така, надежите за продукција на трет филм целосно исчезнаа.

Многу обожаватели на книгите на АЛи Деј посакуваа да видат продолжение, па еве среќата им се насмевнува, но овој пат ќе мора да ги гледаат продолженијата со ново актерско лице.

„Ми се допадна работата со Круз. Огромниот раст на ‘Reacher’ е од клучно значење за успехот на серијата. Затоа решивме да ја обновиме, но без Том Круз. Сега ќе имаме сосема нов актер“, изјави познатиот писател.