Писателката J. К. Rowling го објави скорешното издавање на четири нови дела од популарната едиција за Хари Потер. Новите книги ќе се фокусираат на сознанијата што ги добиле учениците од училиштето за магија во Хогвортс.

Заплетот на секоја од книгите е изграден околу магиите, заштитата од мрачни уметности, напивки, дивинација, астрономија и грижа за магични суштества. Електронските верзии на книгите ќе бидат презентирани со помош на платформата Pottermore.

„Подгответе се да истражувате во богатата историја на магијата, без разлика дали тоа е наша сопствена историја или магичен свет создаден од J. К. Rowling, со помош на оваа нова серија на е-книги”, се вели во официјалното соопштение.