Како и пред две години со првиот филм, така и оваа година со продолжението, It го освои врвот на кино благајните во САД. Во првиот викенд на прикажување, It: Chapter Two заработи околу 91 милиони долари. Пред две години првиот филм заработи дури 123 милиони долари во првиот викенд. Chapter Two има помал успех кај женската публика за разлика од првиот дел. Филмот ја доби оценката B+ од CinemaScore, истата како и првиот дел. На IMDB, новиот филм веќе заостанува цела оценка зад првиот дел, а се очекува разликата уште да се зголемува. На светската сцена, филмот заработи уште 94 милиони долари. Филмот својата премиера во Франција ќе ја има оваа среда, додека во Јапонија ќе започне со прикажување дури на 1-ви Ноември.

На второто место е Angel Has Fallen кој заработи 6 милиони долари, а досегашната заработка е околу 53 милиони долари. На третото место е Good Boys со нови 5.3 милиони долари и вкупна интернационална заработка од 82 милиони долари. Во текот на оваа седмица, премиери ќе имаат филмовите Hustlers со Jennifer Lopez како и The Goldfinch, па нивните резултати ќе ги видиме за една седмица.