Ако сакате да се пробате во улога на филмски детектив, CBS All Access ќе ви ја даде таа шанса. Стриминг платформата на CBS даде „зелено светло“ за подготовка и продукција на новата тв-серија „Interrogation“, која ќе биде крими-драма темелена на вистински настан.

Имено, во копродукција со шведскиот писател и продуцент Андерс Вајдеман CBS подготвува оригинален концепт базиран на вистинска приказна која траеше повеќе од 30 години. Во неа, е сместен млад човек обвинет и осуден за брутално убиство на неговата мајка. Секоја епизода од „Interrogation“ е структурирана околу сослушувањето направено директно од вистинските досиеја на полициските случаи, со цел да го претвори гледачот во детектив. Врз основа на необичната структура на серијата, CBS All Access ќе експериментира со моделот на прикажување. Првите девет епизоди од серијата ќе бидат достапни за да се гледаат одеднаш, додека финалната епизода ќе биде објавена со подоцнежен датум.

Засега нема детали за точниот старт на реализација на проектот, но оригиналната идеја најавува многу интересна тв-серија.