Шведската компанија за производство на мебел „IKEA“  издаде сопствена „Кама Сутра“. Станува збор за книга која засега е достапна само во електронска форма, но наскоро ќе се појави и на полиците во продавниците. Таа е работена како каталог кој ги содржи најдобрите опции за уредување на спалната соба дизајнирана од бренд дизајнери. Според креаторите, овие илустрации ќе им помогнат на сите „да ја совладаат уметноста на љубовта кон нивната спална соба“.

Како што е наведено на официјалната веб страница на компанијата, „Кама Сутра“ е создадена од две причини. Прво, таа беше направена за да ги инспирира клиентите да го трансформираат својот секојдневен живот, затоа што спалната е една од најважните простории во куќата. Второ, на шеговит начин да се покаже колку е лесно е да се постигне идеалното со нови бренд производи.