По пауза од три години, Iggy Pop викендов потврди дека наскоро доаѓа неговиот нов албум. Истиот ќе биде насловен како “Free” и ќе излезе во продажба на 6 септември во издание на Loma Vista Records.

Според популарниот музичар, новиот материјал нема да потсетува апсолутно на ништо на оној од 2016-тата, “Post Pop Depression,”, затоа што е работен комплетно самостојно. Iggy Pop тврди дека „Free“ праткично нема да потсетува ниту на што било претходно издадено од него.

Клучни соработници во проектот се трубачот Leron Thomas и гитаристката Sarah Lipstate, која работи под името Noveller.