После пауза од 14 години, конечно од Missy Elliott добиваме некакво издание освен петте синглови. Новото издание е насловено Iconology и содржи 4 нови песни, како и една акапела верзија. Првиот сингл е “Throw it back”, а останатите песни ги носат насловите: “Cool off”, “DripDemeanor” и “Why I styll love you”. Како продуцент на две песни (“DripDemeanor” и “Why I still love you”) се појавува Timbaland.